Точка ТВ: Кои кучиња живеат најдолго?

Точка

03/07/2020

18:35

2.425

Големина на фонт

а а а

Статистички, повеќето кучиња живеат од 10 до 13 години, но често се случува некои од нив да надминат и 15 - а тоа најмногу зависи од расата, генетскиот код, но и од грижата од страна на нивниот сопственик.

Сите сопственици на куче би сакале нивниот најдобар пријател да живее што подолго. Според некои записи кучето кое живеело најдолго угинало во 1939 година на возраст од 29 години. 

Според достапните информации, должината на животот на кучињата зависи од генетскиот код, расата на кучето, вкрстувањето на расите, но пресудена е и негата која му се дава на миленикот.

Секако, важна е и посветеноста, но и колкава љубов му даваме на кучето.

Статистички, повеќето кучиња живеат од 10 до 13 години, но често се случува некои од нив да надминат и 15 - а тоа најмногу зависи од расата, генетскиот код, но и од грижата од страна на нивниот сопственик.

Кучињата кои според научните истражувања живеат најдолго се чивавите, кои просечно живеат од 15 до 21 година. Пред извесно време угина најстарата чивава на светот на 22 годишна возраст.

На приложеното видео можете да видите кои се другите раси кои имаат најдолг животен век.



Спонзорирани линкови

Маркетинг