Манекенката ја зела камерата и го засведочила својот гинеколошки преглед – ги охрабрила сите жени на светот...

Точка

03/07/2020

18:56

5.040

Големина на фонт

а а а

Манекенката на социјалната мрежа Инстаграм напишала дека и покрај пандемијата коронавирус жените треба редовно да одат на гинеколошки преглед.

Сопругата на музичарот Џон Леџенд (41), поранешна манекенка Криси Тајген (34), неодамна ги отстрани своите силикони од градите, а сега се фотографирала на гинеколошки преглед и им испратила моќна порака на сите жени.

Имено, Криси на својот Инстаграм профил објавила фотографија од ординацијата сакајќи да ги потсети сите жени на важноста на прегледите кај гинеколозите, за да работат на превенција на карциномите на грлото на матката.

„Не заборавајте редовно да правите пап тест и преглед на вашите гради, иако на светот му се приближува крајот“ - напишала манекенката мислејќи на тоа дека и покрај пандемијата коронавирус жените треба редовно да одат на преглед.

Таа на фотографијата позира прекриена само со пешкир, а на лицето има заштитна маска која што е задолжителна при излегувањето од домовите во Калифорнија.

„Ми го откажаа прегледот двапати поради Ковид-19. Пап тестот очигледно дека не е важен во оваа држава“, „Ти благодарам, ми требаше ова“, „Ти благодарам за ширењето на толку важна порака за јавното здравје“, „Криси Тајген е нашето национално богатство“ - се само дел од позитивните коментари на нејзината фотографија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг