Куртоа: Соиграчите полудеа по мојата парада, но со моите два метри…

Дерби

03/07/2020

17:59

1.693

Големина на фонт

а а а

Од човек кој добиваше убедливо најмногу критики на стартот на сезоната, Тибо Куртоа се претвори во еден од играчите кои изгледаат најсигурно во ростерот на Зинедин Зидан, па оттаму не чуди фактот што белгискиот чувар на мрежата има дури 16 „чисти мрежи“ во досегашниот тек на шампионатот.

Куртоа е на добар пат да го освои „Замора“ трофејот кој го добива голманот со најмалку примени голови во Примера, а откако и изминатава вечер не прими гол на цврстиот меч кој го одигра Реал Мадрид со Хетафе, Тибо излезе во јавноста со една навистина самоуверена изјава.

Чуварот на мрежата дефинитивно има голема заслуга за тоа што Реал не прими гол на трет меч од рестартот на сезоната, бидејќи во победата од 1:0 над градскиот ривал, имаше неколку одлични одбрани, од кои една беше посебно рефлексна во првиот дел.

– Голем дел од соиграчите полудеа од таа парада, наверојатно поради одбивањето на топката. Имав доволно добар рефлекс за да ја стигнам топката, висок сум два метри, но исто така сум многу агилен на гол линијата, – порача Куртоа.

Со своите извонредни изданија по турбулентниот старт во кој беше најкритикуван играч, Куртоа полека ги освои симпатиите меѓу фановите на Реал, па сега е симбол за сигурност на голот бидејќи има и висок процент на одбранети удари кон неговиот гол, нешто што не беше случај во месец септември и октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг