Ваквата состојба со вирусот ќе трае уште барем осум месеци, смета рускиот министер за здравство

Макфакс

03/07/2020

15:59

1.174

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата со коронавирусот во Русија ќе трае најмалку уште осум месеци, изјави денеска рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.

„Според мое мислење, малку е веројатно дека враќањето во нормала – концерти, летови, нормална работа и летувања на какви што сме навикнати ќе се случи пред февруари следната година“, рече Мурашко, а пренесе агенцијата „Интерфакс“.

Во моментов во Русија се регистрирани повеќе од 667.000 случаи на зараза со новиот коронавирус и е трета земја по бројот на заразени, по САД и Бразил.

Речиси 10.000 луѓе, меѓу кои и околу 500 медицински работници, починале од Ковид-19 во Русија, покажува официјалната статистика.

Како што стапката на инфекција опаѓа, повеќето руски региони започнаа со олеснување на рестриктивните мерки по двомесечниот карантин, а министерот нагласи дека носењето маски на јавни места останува задолжително за да се спречи ширењето на инфекцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг