Протече снимка на која што Бразилката физички го напаѓа познатиот фудбалер

Точка

02/07/2020

17:02

7.152

Големина на фонт

а а а

Бразилецот Дуду доживува тешка криза во приватниот живот, а оваа снимка е еден од доказите за тоа.

Бразилската јавност, особено оние во Сао Паоло, овие денови се занимава со познатиот фудбалер Дуду и неговата поранешна сопруга.

Играчот на Палмеира, кој што најмногу го паметиме по играњето во Киевски Динамо од 2011-та до 2014-та година, поранешната сопруга го обвинила за физички напад на паркинг пред еден клуб.


Но, адвокатите на Дуду во јавноста објавиле снимка од надзорните камери на која се гледа како Малу Охан го напаѓа фудбалерот кога сака да влезе во возилото кое што пристигнало по него.


Откако се обидела да го спречи да си замине, влегла со него во автомобилот каде што дошло до физички напад.

Таа тврди дека на снимката не се гледа и неговиот напад врз неа, а мислењата на јавноста се поделени поради овој случај.

Поранешните сопружници наводно дошле до физичка пресметка затоа што Дуду имал вонбрачно дете со друга жена.

Погледнете ги видеата:




Спонзорирани линкови

Маркетинг