Кинеските сили напишале „Кина“ со огромни букви на земјиште за кое спорат со Индија

Макфакс

02/07/2020

13:52

845

Големина на фонт

а а а

Кинеските сили ги зајакнале своите територијални побарувања на границата со Индија со тоа што го напишале името на нивната земја на спорното земјиште, пренесува индискиот радиодифузер НДТВ.

Мандаринските карактери со кои е испишано „Кина“ биле видени покрај силуетата на Кина на брегот на езерото Пангонг Цо. За натписите се вели дека се толку големи што биле забележани на сателитските слики. 

Пангонг Цо е езерото на голема надморска височина на Тибетското плато. Низ него поминува линијата на фактичка контрола, линија за демаркација која ги дели индиските и кинеските трупи од војната што ја водеа во областа во 1962 година. Тој западен сектор на линијата е силен поттик за тензија меѓу двете нуклеарно вооружени држави.

Серија од осум планински сртови, познати како „прсти“, се издигнуваат покрај бреговите на езерото Пангонг. Индија ги контролира „прстите“ од 1 до 4 и тврди дека нејзината територија се протега до најисточниот „прст“ 8. Кина, од друга страна, ја бара територијата „прст“ 2.

Кина и Индија претходно заеднички патролираа во спорната област помеѓу прстите 4 и 8, која е долга околу 8 километри. Но, кинеските сили од крајот на април кампуваат до прст 4, што ја разбесни Индија, која тврди дека Кинезите спречуваат патролите да одат до прст 8.

НДТВ, која прва ги разгледа сателитските фотографии, рече дека хиероглифите и картата се испишани меѓу прстот 4 и прстот 5.

„Ова јасно покажува дека кинеската армија нема намера да го напушти просторот во скоро време“, изјави индиски официјален претставник за „Тајмс на Индија“.

„Ние, исто така, мобилизиравме дополнителни армиски и ИТБП војници во областа од мај за секој случај. Ние сакаме да се врати состојбата на статус кво, а кинеската војска да се повлече во првобитната позиција“.

Двете страни имаа неколку пресметки лице в лице од април, бидејќи огненото оружје и експлозивите беа забранети по должината на граничниот регион во 1996 година. Најжестокиот судир се случи на 15 јуни, кога во долината Галван беа убиени 20 индиски војници, околу 120 километри северно од езерото Пангонг. Повеќе индиски весници објавија и повеќе од 40 жртви од кинеска страна, но Пекинг ги негираше извештаите.

И покрај договорот за разоружување меѓу кинеските и индиските воени команданти една недела подоцна, тие продолжија да собираат трупи, да градат кампови и креваат блокади на патиштата по должината на границата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг