Заев со коментар за последната „Бомба“: После два часа во кафеана се случуваат грешки...

Точка

02/07/2020

13:32

6.281

Големина на фонт

а а а

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска проговори за последната аудио снимка која се појави во јавноста.

Заев на аудио снимката може да се слушне како вели дека ќе собере „и шарени и шуто и рогато“ и користи пцовки, па денес од него беше побаран коментар во врска со содржината на снимката.

„После два часа и 17 минути поминати во кафеана на слободен разговор се случуваат грешки. Времето покажа дека сум немал непријатности, туку дека напротив, имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја“, одговори Зоран Заев.

Заев меѓу другото потсети и дека се извинил за неговите коментари на аудио снимката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг