Унгарија против листата на ЕУ за безбедни земји, границите ќе ги отвори само за Србија

Макфакс

02/07/2020

13:23

1.016

Големина на фонт

а а а

Унгарија нема да го уважи барањето на ЕУ на листата безбедни земји кога станува збор за пандемијата на коронавирусот, да ги додаде земјите надвор од Унијата.

Исклучок ќе биде само Србија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. 

„ Засега не можеме да го поддржиме барањето на ЕУ затоа што е спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ“ рекол Орбан во видео порака на Фејсбук.

Европскиот совет одлучи претходно на листата земји од кои може да се патува во ЕУ, да се стават 14 држави: Србија, Црна Гора, Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг