Ова се противниците на Вардар во ЛШ: „Ова е тешка група во која секој може да победи секого“

Точка

01/07/2020

19:01

2.110

Големина на фонт

а а а

Екипата на Вардар 1961 ги дозна ривалите за новата сезона во Лигата на шампионите.

Актуелниот европски шампион се најде во групата А каде за ривали ќе ги има ПСЖ кој беше во првиот шешер, тука се старите добри познаници Кјелце, Пик Сегед и Мешков Брест, како и Порто од Португалија, Елверум од Норвешка и бундеслигашот Флензбург.

На другата страна, групата Б ќе видиме соочувања на Дејан Манасков и Кире Лазаров, односно освен Веспрем и Нант тука се Барселона, Кил, Алборг, Мотор Запорожје, Целје и ППД Загреб. 

Групната фаза започнува на 16- ти и 17-ти септември, додека ќе заврши на 3-ти и 4-ти март.

„Ова е тешка група во која секој може да победи секого. Ќе се игра добар ракомет, ќе може да се проследат бројни квалитетни пресметки. Вардар е актуелен европски шампион и ќе се однесуваме така на терен, можам уште сега да кажам дека нема да прецениме, ниту да потцениме ниту еден ривал“, истакнал Алушовски за „ЕКИПА“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг