Точка ТВ: Излегла на улица и започнала да танцува – по 6 дена била пронајдена мртва, а истата судбина ја доживеале уште 400 луѓе

Точка

01/07/2020

13:10

3.860

Големина на фонт

а а а

Танцувачката манија (или чума) претставува општествен феномен кој до ден-денес не е расветлен. Манијата се појавила на европскиот контитент помеѓу 14 и 17 век.

Еден од првите поголеми случаи бил забележан во Ахен, Германија во 1374 година, каде неколку илјади луѓе танцувале додека можеле, со недели. Од Ахен, манијата се проширила во Утрехт, Холандија и Лиеж, Белгија.  

Најпознат случај е оној во Стразбур во 1518 година, а истиот започнал кога една жена, Фрау Трофеа, излегла на улица и започнала неконтролирано да танцува. Луѓето излегле од своите домови и ѝ се смееле и аплаудирале, но таа не запрела. Продолжила да танцува без пауза, наутро, напладне и навечер. По една недела ѝ се придружиле уште 30-тина жители кои танцувале без музика и песна.

Фрау починала по 6 дена поради премореност и исцрпеност, а до август, оваа епидемија заразила уште 400 луѓе.

Поради неможноста логично да се објасни ваквиот феномен, локалните лекари најмиле професионални танчери и музичари, за луѓето да се излечат од ова “лудило” кое го карактеризирале како “болест на жешката крв”. Тие сметале дека на ваков начин луѓето ќе се ослободат од треската.

Но, луѓето со текот на времето започнувале да умираат поради исцрпеност и мозочен и срцев удар.


Постојат различни теории за настанувањето на ваквата чума – некои сметаат дека луѓето кои танцувале биле припадници на верска секта, а други сметаат дека епидемијата е резултат на масовна психогена болест, манифестација на масовна хистерија. Хедерингтон и Манро ја опишуваат танцувачката манија како резултат на “заеднички стрес”. Можно е луѓето да танцувале со цел да се ослободат од стресот и да заборават на сиромаштијата во тоа време, и со тоа се обидувале да достигнат екстатична состојба и да добијат визии.

Но, најприфатливата теорија вели дека луѓето кои танцувале страдале од труење (ерготизам) од психотропна габа која расте на стеблата на ‘ржот и која предизвикува халуцинации и грчење на телото.

До ден-денес никој точно не знае дали танцувачката манија била вистинска болест или социјален феномен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk