Точка ТВ: Ова се најинтересните работи повразни со соништата

Точка

30/06/2020

21:03

2.594

Големина на фонт

а а а

Сни - ментална активност за време на спиењето која до ден денес не е целосно разјаснета. Најстарите записи поврзани со сонувањето потекнуваат од древен Египет, а ова се некои од најинтересните и најневеројатни работи поврзани со соништата.

Постојат луѓе кои доживуваат луцидно сонување, односно чувство за свесност за време на сонувањето. Со користење на најразлични техники, овие луѓе се во состојба да преземат контрола над својот сон.

Повеќето луѓе не можат да читаат во сон, а доколку повеќе пати погледнете во часовник, секогаш времето ќе биде различно, додека стрелките нема да се поместуваат.


Денес околу 4% од луѓето сонуваат во црно-бела боја. Процентот бил далеку поголем пред да се појави колор телевизијата.

РЕМ фаза или скратено од англиски "Rapid Eye Movement", односно брзо мрдање со очите е фаза во која најмногу сонуваме и имаме најживописни соништа. Кога влегувате во РЕМ фаза, вашето тело станува парализирано за да се спречи движењето кое го доживуваме во сонот. Дишењето исто така се забрзува, а очите „под капакот“ мрдаат брзо. РЕМ фазата започнува од 70 до 90 минути откако ќе заспиеме.

За време на спиењето сите рецептори во мозокот се активни, освен еден - рецепторот за логика.


Соништата можат да траат од неколку секунди, па се до 20 минути.

За време на сонот, нашиот мозок не измислува нови лица - во соништата гледаме лица од реални луѓе кои сме ги виделе во нашиот живот, а на кои можеби и не се сеќаваме.

Понекогаш за време на сонот, мозокот ги презема надворешните звуци и ги „вградува“ во самиот сон, па можете да сонувате дека се наоѓате на некое градилиште, а во суштина вашиот сосед да го реновира станот.


Парализа во текот на сонот е медицинска состојба која се манифестира и кај здрави луѓе - станува збор за едно од најстрашните искуства за време на сонот. Оваа фаза настанува така што мозокот се буди за време на РЕМ фазата, па сите мускули се парализирани освен очите. Поради тоа, луѓето стануваат свесни што се случува околу нив, но не можат да се помрднат.

Ова може да биде проследено и со страшни халуцинации и константно чувство на опасност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk