Две малолетни деца загинаа по превртување на трактор кај Струмица

Точка

29/06/2020

19:34

3.750

Големина на фонт

а а а

Две малолетни деца на возраст од 14 и 15 години денеска загинаа откако тракторот на кој се превезувале се превртел и паднал во река во близина на мост на локалниот пат село Добрејци и село Пиперево.

Од МВР соопштија дека несреќата во СВР Струмица е пријавена денеска во 15:15 часот.

Увид на лице место извршија јавен обвинител, увидна екипа од СВР Струмица и доктор. По констатирање на причините за смртта телата на децата се предадени на семејствата. 

Се работи на целосно документирање на настанот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг