Кекеновски: Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници

Макфакс

29/06/2020

12:51

1.060

Големина на фонт

а а а

По објавувањето на последниве аудио бомби мислам дека на сите нам ни стана јасно што правеле и што прават лидерите и раководставата на овие партии, изјави Јове Кекеновски на прес-конференција, во име на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“.

„Едниот добивал пари за спас на партијата, а за возврат го рушел СЈО и се обидувал да влијае на текот на кривичната постапка која се води за бизнисменот финансиер и за останатите учесници. Другиот постојано ги рекетарел сите оние што имале потреба да им се заврши некоја работа и со пари добиени од корупција работел на промена на името односно на успех на референдумот, кој за срека беше неуспешен. И наместо членството и јавноста да ги осудат и да побараат нивна оставка и одговорност тие и понатаму бесрамно излегуваат пред граѓаните и уште пожестоко замајуваат и манипулираат, И едниот и другиот веќе знаат што ги чека доколку не дојдат или не останат на власт. Зa да трагедијата биде поголема од надлежните инститиции молк. Тие се и слепи и глуви на овие аудио бомби“, рече Кекеновски.

Кекеновски истакна дека дел од нивните стратешки определби се враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, Преиспитување на Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност, среднорочни и краткорочи планови и акции и задачи.

„Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници и извршители на желбите на лидерите на политичките партии. На државата не и требаат слепи и послушни пратеници кои само ке стискаат зелено и црвено копче согласно директивите кои ги добиваат од партииите. Затоа како ностител за ИЕ 2 сакам јавно да соопштам дека за разлика од досегашниве собраниски платеници (извршители), избраните народни пратеници од нашата Коалиција ќе имаат слобода самостојно да одлучуваат и обврска максимално да соработуваат со органите на ЕЛС (Совет и Градоначалник) сé со цел како избрани народни пратеници да го подигнеме квалитетот на живеење во општините во кои сме избрани. Тоа значи пратениците да помагаат и соработуваат со локалните власти за реализација и помош од државата за сите локални проекти за кои е потреба помош од централната власт“, рече Кекеновски.

Доколку ја добијат довербата на граѓаните наведе дека ќе исполнат неколку планови и ќе побараат:

1. Да биде укинат имунитетот на пратениците и останати носители на јавни функции (освен за претседателот на државата).

2. Ке се укинат патните трошоци на пратениците во висина на карта за аутобуска линија,

3. Од она што го гледаме секојдневно имам чувство дека во ЈО се изнамножиле копии на ликот и делото на Катица Јанева, а тоа не смее да се толерира и ќе се стави крај на ,,умножувањето и на загадувањето на околината” на овие рушители на системот како и нивна материјална и кривична одговорност.

4. Во рок од 6о дена од изборот отварање постапка за приспитување на работата на Судскиот совет и разрешување на сите оние кои се огрешиле и Советот на обвинители. Не може во нивните редови и понатаму да седат и одлучуваат персони за кои има поведено сериозна кривична постапка и кои се повикуваат на имунитет.

5. Распуштање на Уставниот (политички) суд ќе ги замолиме сите за оставка, доколку не сакаат ке побараме парламентарно мнозинство за да ги разрешиме. Не смееме и понатаму да дозволиме за уставноста и законитоста да ни одлучуваат партиски поставени извршители. Сакаме Уставен суд составен од стаменити и стручни персони кои имаат знаење, капацитет и дигнитет, а не како досега партиски послушници кои реагираат на повик на оние кои ги предложиле и поставиле на функцијата.

6. Гарантираме дека за најмногу од 60 дена од нашиот избор ќе ги изнесеме на површина сите нејасноти и нелогичности во најновиве афери на власта (Рекет 1 и 2 како и случајот Империја) и ќе бараме најстроги казни за сите инволвирани страни во. И дека ке ги казниме виновниците од власта кои му овозможија на поранешниот премиер да побегне од лицето на правдата.

7. Ке побараме расчистување на случајот Диво насеље и проширување на истрагата и кон лицата кои придонеле да не се дознае вистината за овој случај, како и откривање на јавноста за причините за оставките на двете клучни личности во тој период.

8. Укинување на функцијата заменик министер и потпретседател на Владата за спроведување на Рамковниот договор;

9. Укинување на одредбите на Избирачкиот законик кои протежираат би(три)партизам наместо мултипартизам и секако укинување на одредбите кои се однесуваат на Техничка влада на 100 дена пред изборите

СРЕДНОРОЧНИТЕ ПЛАНОВИ ОД ПРОГРАМАТА СЕ ОДНЕСУВААТ НА РОК ОД 6 МЕСЕЦИ ОД ИЗБОРОТ

1. Генерално прочистување на судството, обвинителството и полицијата (во смисла преиспитување на сите сомнителни судски пресуди во последниве 20 години, преиспитување на стручноста на судиите и обвинителите, преиспитување на потеклото на имот на судиите и обвинителите и нивниот кариерен напредок, одговорност на сите оние кои монтираа и извршуваа нарачан кривичен прогон);

2. Експресно завршување на сите кривични постапки во една фер постапка, за да не застарат делата. А оние кои се застарени по вина на судиите или обвинителите истите ке сносат одговорност т.е ке бидат разрешени и ке бидат обвинети за злоупотреба или пак несовесно постапување во службата

3. Приспитување на начинот на стекнување на имотот на сите оние кои биле на власт во последниве 20 години и конфискација на нелегално стекнатиот имот, нагласи Кекеновски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг