Трамп споделил видео со расистичка порака, па го избришал: Од Белата куќа велат дека не слушнал што извикувал неговиот приврзаник

Точка

29/06/2020

18:19

1.821

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера избришал снимка на Твитер, на која еден маж извикува "надмоќ на белците", расистички слоган кој се поврзува со белите супремисти.

Претходно американскиот сенатор Тим Скот, единствениот Афроамериканец од Републиканската партија во Сенатот во САД, оценил дека снимката е навредлива и го повикал Трамп да ја отстрани, пренесува "Reuters". 

Снимката прикажува вербален судир меѓу приврзаниците и противниците на Трамп на Флорида, во текот кога еден од приврзаниците на американскиот претседател, кој минувал во возило за голф, извикувал "White Power", наведува "BBC".

На снимката се слуша и како противниците на Трамп извикуваат "нацисти" и "расисти".

Од Белата куќа соопштиле дека Трамп не слушнал што извикувал еден од неговите приврзаници, пренесува "AP".

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир, во соопштението рекол дека Трамп не ја слушнал изјавата на снимката, туку видел огромен ентузијазам од големиот број негови приврзаници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг