Нови 176 заболени и девет починати од ковид-19 во земјата

Макфакс

28/06/2020

16:20

3.894

Големина на фонт

а а а

Ова е состојбата на новозаразени од коронавирус во земјава во последното деноноќие.

Во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 61

-Куманово 8

-Дебар 1

-Штип 14

-Прилеп 5

-Тетово 22

-Струга 19

-Велес 5

-Битола 3

-Охрид 14

-Гостивар 7

-Струмица 1

-Кочани 2

-Пробиштип 1

-Демир Хисар 1

-Пехчево 1

-Кичево 6

-Ресен 5

Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од:

-Скопје 5

-Куманово 1

-Штип 18

-Тетово 30

-Битола 2

-Гостивар 8

-Гевгелија 1

-Струмица 1

-Кочани 8

-Берово 1

-Валандово 2

-Кичево 1

-Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479.



Спонзорирани линкови

Маркетинг