Бачев бара државен врв од православна вероисповед

Макфакс

27/06/2020

13:25

561

Големина на фонт

а а а

Коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, предводена од Јанко Бачев лидерот на „Единствена Македонија“, промовираше уште еден, како што вели Бачев стратешки чекор, кој ќе го спроведат доколку ја добијат довербата од гласачите.

„Трите клучни функции во државата како во сиот нормален свет на запад мора да се православни Македонци. Наша прва задача во парламентот ќе биде да направиме промена на уставот и законот со кој ќе се предвиди дека највисоките државни функции премиер на државата, претседател на државата и претседател на Собранието мора да ги водат православен и Македонец. Ова е практика во сите западни и развиени демократии посебно во монархиите. Пример е Англија. Таму без проверка на нивната служба за безбедност, кој го испитува секој кандидат за премиер наназад до четврто колено неможе да биде премиер. Ние тука имавме поразителна ситуација. Во 2017 кога дојде до промена на власта, видете ги трите битни функции Горѓе Иванов беше претседател на државата, тој не е Македонец, ама е православен. Зоран Заев како премиер беше Македонец, а не е православен. Талат Џафери не е православен и не е Македонец. Имавме поразителна ситуација највисоките државни функции да не ги водат Македонци и православни“, вели Бачев.

Тој додава дека не сака да биде погрешно разбран и дека ова не е никаков шовинистички испад.

„Во втор и трет ешалон слободно можат да бидат припадници на другите националности“, истакна Бачев.

Инаку коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, својата платформа ја наслови „Битка за Македонија со 10 стратешки определби“. Бачев во име на коалицијата го повика народот масовно да излезе на 15 ти јули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг