„Ноле не извинувај им се на глувците, ќе се вратат во дупките набрзо“: Матиќ испрати отворено писмо до Ѓоковиќ

Точка

25/06/2020

20:00

3.433

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме Новак Ѓоковиќ се најде на мета на критики и обвинувања поради турнирот во Задар сред пандемија.

Хајката против Новак го погоди директно во срцето на уште еден спортски великан, Немања Матиќ, па застанал во одбрана на тенисерот број еден во светот.

Писмото на Матиќ кое што го упатил директно до јавноста ви го пренесуваме во целост:

Почитувани,

Гледам дека последниве денови се води хајка против Новак Ѓоковиќ затоа што организираше турнир, иако според законите на државата Србија сè било регуларно и истиот беше организиран на високо ниво.


Покрај тоа, глувците излегоа од дупка и си дадоа право да го критикуваат светскиот број еден спортист во тенис, но и во односот кон сите други луѓе во светот.

Но, јас не се грижам. Многу брзо мачката (читај Ноле) ќе биде на терен, а глувците во дупка.

Турнирот беше прекрасен и се надевам дека ќе стане традиционален, затоа што нашиот тенис тоа го заслужува.

Единствено нешто кое што му го замерувам на Новак е тоа што им се извинува на глувците кои што без причина го критикуваат.

Не, Ноле. Тие ќе ти се извинуваат тебе - наскоро.

Голем позрав до сите луѓе на овој свет, од Манчестер.

Немања Матиќ. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг