Објавени бомби и за Ден Дончев: Заев тврди дека тоа се манипулации на опозицијата

Точка

22/06/2020

14:54

5.092

Големина на фонт

а а а

Три нови аудио и една видео снимка денес беа објавени на „ЈуТјуб“ на каналот "Race leplivi".

На снимките може да се слушне гласот на Ден Дончев кој до неодамна ја вршеше функцијата директор на Фондот за здравство, а поднесе оставка пред да започне кризата со епидемијата на коронавирусот во земјава.

На „ЈуТјуб“ е објавено видео на кое може да се види како поранешниот директор на Фондот за здравство зема пари и ги става во торба, меѓутоа не е познато каде и кога е направена.

По повод објавените снимки се огласи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој порача дека за содржината на снимките новинарите треба да го прашаат Ден Дончев.

„Во недостиг на конкретна понуда, опозицијата користи манипулации и лажни вести за дефокусирање на јавноста“, изјави Зоран Заев.

На видеата се споменува и адвокатот Филип Медарски кој често бил ангажиран од СДСМ, а бил вклучен и во предметот со „Тотал ТВ“.

„Ќе дадам одговор кога ќе разговарам со Ден Дончев околу деталите. Вклученост на Медарски кој е мој адвокат и често ангажиран од СДСМ имало во предметот со „Тотал ТВ“ каде што сопственици меѓу себе имале пријави до полиција. Ќе каже Дончев, јас не би навлегувал во манипулациски снимки“, изјави Заев на денешната прес-конференција.

Останатите аудио снимки можете да ги слушнете на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг