Марија од „Eye Cue“ со емотивна исповед за нејзиниот живот: „Живеам сама од 18 години...“

Точка

17/06/2020

13:38

8.422

Големина на фонт

а а а

Марија од „Eye Cue“ ја отвори душата пред широката јавност. Македонската пејачка на својот Инстаграм профил за првпат сподели со што се соочувала изминатиов период и на каков тест ја ставил животот.

„Живеам сама од мои 18 години. Носам големи и значајни одлуки веќе неколку години со никаква поддршка од моите најблиски. Наидувам на обесхрабрување, а и понекогаш разочарување поради патот по кој чекорам и мојот личен избор на партнер, професија, околина... Свесна сум дека голем дел од работите што ги правам не се вообичаени за мојата возраст, па и за ова подрачје. Свесна сум и дека се соочувам со огромни животни препреки, битки, расипување на односи со блиски, неверување, осудување. Но, она што го добивам за возврат е мојата слобода, осамостојувањето, храброста, силата, радоста, издржливиот карактер и ослободувањето за надминување на секоја наредна ситуација што животот ја носи“, напиша Марија.

Во текстот пејачката ги повикува нејзините следбеници да се охрабрат и да продолжат да се движат по својот пат, бидејќи упорноста и истрајноста на крајот секогаш се исплатат.