Кекеновски: Мицкоски и Заев ја погазија функцијата претседател на државата

Макфакс

16/06/2020

16:44

1.525

Големина на фонт

а а а

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски и Заев, јавно ја погазија функцијата претседател на државата и од Пендаровски направија беспоговорен извршител на нивните каприциозни и незрели желби, замисли и идеи, изјави лидерот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски.

ФРОДЕМ и Колицијата Никогаш северна, само Македонија бара од Пендаровски јавно на нацијата да ѝ објасни што тоа се случи за овие неколку дена за тој повторно да прогласи вонредна состојба, за која само до пред три дена тврдел дека нема никаква основа истата да ја продолжи.

Според Кекеновски, срамно е образложението на синоќешната нова одлука за прогласување вонредна состојба дека истата се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите од причина што ДИК и останатите институции мораа и треба и досега да бидат комплетно подготвени за изборите.

Уште полицемерно и бедно, додава тој, е обрзложението дека се прогласува нова вонредна состојба од нови 8 дена заради спроведување мерки за заштита на јавното здравје на граѓаните.

„Пендаровски е должен да објасни што тоа за 10 дена ќе се смени и ќе се преземе за да не биде загрозено здравјето при гласањето, иако до пред само три дена тврдеше дека здравјето на граѓаните и членовите на Изборачките одбори во ниту еден случај не е и нема да биде загрозено на изборите“, рече Кекеновски.

Тој дода дека Пендаровски трипати прогласил вонредна состојба без правна и уставна основа, за кое новиот состав на Собранието на Република Македонија мора сериозно и приоритетно да расправа и одлучува веднаш по конститутивната седницана новиот состав на Собранието.



Спонзорирани линкови

Маркетинг