Сари: Лошо ги планирав измените, глупаво постапив

Макфакс

13/06/2020

13:35

2.052

Големина на фонт

а а а

Јувентус синоќа избори пласман во финалето на Копа Италија. „Старата дама“ одигра 0:0 со Милан и благодарение на резултатот од првиот меч (1:1) ќе се бори за трофејот против Лацио или Интер.

Тренерот на Јувентус Мауруцио Сари по мечот рекол дека многу лошо ги планирал измените. По паузата поради коронавирусот ФИФА на клубовите им дозволи пет измени. Сари во 62 минута направи три измени.

„Малку бев изгубен кога се работи за измените. Глупаво постапив. Побарав три измени одеднаш, не ги распоредив добро. На тој начин го нарушив ритамот на екипата. Наредниот пат ќе морам подобро да планирам“, рекол Сари.

Инаку во 16 минута Кристијано Роналдо не реализира пенал за Јувентус, а во следната минута Милан остана со играч помалку поради крвничкиот старт на Анте Ребиќ врз Данило.

„Пријатно сум изненаден како игравме, особено во првите 30 минути. Добро комбиниравме, не беше толку лошо. Беше чудно бидејќи игравме на празен стадион. Се опуштивме откако тие останаа со играч помалку“, заклучил тренерот на Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг