Се заострува ситуацијата меѓу Северна и Јужна Кореја! Пјонгјанг повторно го обвинува Сеул: Се однесувате бесмислено

Точка

13/06/2020

11:47

1.406

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја повторно го обвинила официјален Сеул дека се однесува бесмислено кога зборува за денуклеаризација, а од друга страна ги засилува своите воени потенцијали, пишува "AP".

Пјонгјанг последните месеци речиси целосно ја суспендирал соработката со Сеул, кој изразил загриженост поради застојот во нуклеарните преговори на Северна Кореја и САД. 

Севернокорејското министерство за надворешни работи неодамна издало соопштение во кое порачува дека е разнишана довербата во Северна Кореја и најавува "тешки времиња кои се за жалење".

По третиот успешен самит Ким-Трамп на границата меѓу Јужна и Северна Кореја, следниот работен американско-севернокорејски состанок во октомври мината година во Шведска пропаднал поради, како што го формулирал тоа Пјонгјанг, "старото однесување на Америка".

На двегодишнината од првиот самит Ким-Трамп, севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Свон Гвон изјавил дека никогаш повеќе нема да дозволи Трамп преку средбите со Ким да бележи позитивни поени само за надворешната американска политика.

Доколку сакаат да продолжат со преговорите, САД мора да докажат дека се подготвени да и дадат нешто за возврат на Северна Кореја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг