Ливерпул подготвува 110 милиони фунти за двоецот на Вулверхемптон

Дерби

13/06/2020

10:02

1.946

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп ова лето ќе го засилува својот тим затоа што од него ќе си заминат неколку фудбалери кои досега го носеа дресот на Ливерпул.

„Енфилд“ со сигурност ќе го напуштат Џердан Шаќири, Адам Лалана и Дивок Ориги, а неизвесна е судбината и на Наби Кеита и Џини Вијналдум.

Тому затоа, Јирген Клоп со својот тренерски штаб составува листа на потенцијални засилувања за клубот кои дополнително би го кренале квалитетот на и онака силниот Ливерпул.

„Сан“ пишува дека клубот од „Енфилд“ се намерачил на двоецот од Вулверхемтпон, Адама Траоре и Рубен Невеш.

И двајцата имаат неверојатна сезона под водство на Нуно Еспирито Санто и со своите партии го привлекоа вниманието на бројни европски гиганти.

За да ги добијат услугите на овие одлични фудбалери, од Ливерпул се подготвени да издвојат високи 110 милиони фунти кои сметаат дека ќе се доволни за Вулверхемптон да попушти и да ги пушти да направат трансфер на легендарниот „Енфилд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг