20 нови случаи на коронавирус во Грција

Макфакс

12/06/2020

09:48

535

Големина на фонт

а а а

Во Грција во последните 24 часа се регистрирани 20 нови случаи на коронавирус, соопшти Националната организација за јавно здравје во земјата.

Вкупниот број заразени во Грција е 3.088, од кои 692 се заразени во странство, јавува агенцијата АНА. Од вторникот нема смртни случаи од коронавирус, а вкупниот број на починати е 183.

Во Грција беше донесена одлука пред два дена да се зголеми бројот на тестови, откако бројот на нови случаи за еден ден беше 97. Една третина од овие случаи биле патници од странство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг