Колку македонските политичари ги почитуваат протоколите? Димитров се ракувал со колегите од Србија, се огласија и од МНР

Точка

11/06/2020

20:18

3.392

Големина на фонт

а а а

Никола Димитров е вториот министер од Македонија кој што во екот на пандемијата коронавирус ја напушти Македонија при службено патување во соседна Србија.

Министерот вчера беше во Ниш, на средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ. Пред да тргне на службеното патување, тој потпишал изјава дека ќе ги почитува протоколите, а меѓу нив и еден од клучните:

„Се забранува ракување со други луѓе“.

Но, како што може да се види во видеото, министерот Димитров се ракувал со српските колеги.

По настанатиот инцидент се огласија и од МНР, тие изјавиле:

„Министерот редовно вршеше дезинфекција на рацете после секој контакт. Беа обезбедени дезинфекциски средства во секоја просторија, а и секој член од делегацијата носеше такво средство со себе. Воедно мерките за претпазливост не се исти во сите држави“ – тврделе тие.




Спонзорирани линкови

Маркетинг