Свекорот на родилката од ГАК за „Телма“: „Таа не знаеше дека сум позитивен на Ковид-19 кога отиде во болница“

Точка

11/06/2020

19:18

4.599

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме, според денешните информации во скопската Гинекологија исчезна изјавата која ја потпишала родилката вечерта на 6-ти јуни кога била примена и со која не пријавила дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид 19 .

Свекорот на родилката кој што работи како просветен инспектор, во телефонски разговор за „Телма“, тврдел дека со коронавирусот се заразил на работното место од друг колега кој што бил позитивен на вирусот, а не поради непочитување на мерките и недозволено групирање.

Тој исто така негирал дека неговата снаа криела податоци.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Украдени документите на родилката која ги лажела гинеколозите дека е докторка и дека немала контакт со заболени

Тој тврдел дека кога таа била примена во болница, ниту таа ниту тој не знаеле дека тој е позитивен на Ковид-19, затоа што резултатите ги добил наредниот ден, на 7-ми јуни.

Од „Телма“ велат дека тој не сакал да коментира за украдениот документ од Гинекологија и најавил дека дополнително неговата фамилија преку медиумите ќе се изјасни за случајот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг