„Видов што прави Новак! Во кој дел од светот е дозволено тоа?“: Уште една тенисерка го нападна Ѓоковиќ

Точка

11/06/2020

19:33

6.787

Големина на фонт

а а а

Во последниот период сведоци сме дека спортистите ширум светот го напаѓаат Ѓоковиќ, а тоа особено го прават тенисерките.

Откако во средата го прозва Даниела Колинс од САД, сега тоа го направила и Кики Бертенс од Холандија, но овојпат поради друга причина.

Таа цело време следела што прави најдобриот тенисер на светот во текот на неговиот престој во Србија, каде што организирал и серија турнири „Adria tour“ и му замерила што не се однесува како што треба со оглед на моменталната ситуација во светот.

Седмата тенисерка во светот му порачала на Ѓоковиќ дека не се придржува до правилата за социјална дистанца кои што и понатаму се на сила во поголемиот дел од државите, но очигледно истата не е запозната со ситуацијата во соседна Србија.


„Го видов како се фотографира со сите и како се ракува со луѓето во текот на промоцијата на турнирите. Како е можно тоа? Во кој дел од светот е дозволено тоа“ – порачала таа.

Таа потоа зборувала и за актуелната ситуација, а темата била УС Опен воопшто да не се одржи.

„Идеално би било кога сезоната би продолжила во месец август, но ми делува како тоа да е тешко изводливо.

Доколку не можеме слободно да патуваме и да бидеме сигурни за нашето здравје, не ја гледам целта за продолжување на сезоната.

Мене ми пречи во август да се одржи турнирот без публика, и што доколку некои од натпреварувачите бидат позитивни на коронавирус? Дали потоа ќе ги исфрлите од турнирот, како и натпреварувачите со кои што тренирале истите?“ – изјавила тенисерката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг