Алармантно предупредување на СЗО: Пандемијата се влошува...

Точка

11/06/2020

21:46

12.991

Големина на фонт

а а а

Директорот на СЗО предупреди дека пандемијата на коронавирусот се влошува и откри нови жаришта на опасниот вирус.

Тедрос Аданом Гебрејсус предупреди дека пандемијата на коронавирусот се влошува, иако постои впечаток дека ситуацијата се смирува.

„Иако се чини дека заразата во Европа се смирува, две третини од случаите на Ковид-19 доаѓаат од 10 земји во Северна и Јужна Америка, како и Азија“, изјави денес првиот човек на Светската здравствена организација.


Тој предупреди дека опуштањето е најголемиот непријател и апелираше сите земји во светот да спроведуваат „активен надзор“ на епидемиолошката ситуација.

„Без надзор и мерки на заштита, можно е вирусот повторно да се прошири“, изјави првиот човек на СЗО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг