СЗО: Пандемијата сè уште се развива

Макфакс

11/06/2020

12:59

1.046

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на Програмата за вонредни состојби на Светската здравствена организација (СЗО), Мајкл Рајан, изјави дека пандемијата на Ковид-19 сè уште се развива.

„Ако ги погледнеме бројките, можеме да видиме дека оваа пандемија сè уште се развива. Покажува стапка на раст во многу делови на светот. Ние сме длабоко загрижени за здравствените системи во некои земји затоа што знаеме дека тие се преоптоварени и им е потребна нашата поддршка, помош и солидарност“, рече тој

Рајан посочи дека секоја земја има различна комбинација на ризици и можности и дека националните власти мора внимателно да размислат како да се справат со пандемијата.

„Во Европа, прашањето за ризикот сега се однесува на патувањата и отворањето на училиштата, како и масовните собири, надзорот и идентификувањето на контактите на заразените“, рече Рајан.

Во земјите од Југоисточна Азија, каде во голема мера ширењето на заразата е под контрола, владите се загрижени за повторното појавување на кластери, додека во Јужна Америка недостатокот на заштитна опрема за здравствените работници сè уште е проблем.

Што се однесува до Африка, Рајан рече дека стапката на смртност е многу мала во изминатите седум дена, но дека здравствените системи на континентот може да бидат преоптоварени бидејќи тие се справуват и со други болести како маларијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг