БГНЕС: За време на пандемијата, Бугарија им помогнала на 15.000 Македонци да се вратат во државата

Макфакс

10/06/2020

18:58

2.656

Големина на фонт

а а а

За време на пандемијата со коронавирусот 15.237 Македонци се вратиле дома благодарение на напорите на бугарската дипломатија, објави БГНЕС. Оваа бројка сигурно е поголема за уште илјада луѓе затоа што секојдневно во Македонија се враќаат помеѓу 250 и 350 луѓе, пренесува бугарската агенцијата.

„Сè започна ноќта на 14 март, кога светот се ‘затвори’ и илјадници Македонци останаа заробени на аеродромите, железничките станици и граничните премини во Азија, Блискиот Исток, Европа и Северна Америка. До 15 април, за само еден месец – благодарение на нашите дипломатски мисии ширум светот и особено оние во Европа, 7.523 Македонци беа собрани само на аеродромот во Софија“, пишува агенцијата.

Бугарската агенција цитира извор од македонското МНР, кој вели дека се случувало во 4 часот наутро да им ѕвонат на бугарски конзули за да им помогнат да стасаат до граничниот премин.

„Сосема непристојно, но моравме да однесеме стотици ‘заробени’ сонародници до границите’, рече долгогодишниот дипломат, кој од необјасниви причини не сакаше да се открие неговото име“, пишува агенцијата.

Тој кажал дека меѓу „спасените“ биле и ќерката на сегашен македонски министер, роднини на опозициските пратеници и познати јавни личности.

„Бугарското Министерство за надворешни работи соработува со транспортна компанија која им помага со превоз на граѓаните на Македонја да стасаат до граничниот премин Ѓуешево- Деве Баир. Има тим кој работи деноноќно во Министерството за надворешни работи и одговара на секоја вонредна состојба. Излегле во пресрет на бремени жени, мали деца, како и на болни кои останале без потребните лекови“, пишува БГНЕС.



Спонзорирани линкови

Маркетинг