Се огласи сестрата на Ким: Жестоко ги нападна јужните соседи и дезертерите

Точка

10/06/2020

16:20

1.387

Големина на фонт

а а а

Сестрата на Ким Јонг Ун ги нападна луѓето кои бегаат од земјата, како и јужнокорејските власти кои според неа, ги користат за ширење на пропаганда.

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги нападна јужнокорејските власти поради тоа што ги користат дезертерите за испраќање на пораки во кои се напаѓа Северна Кореја.

Таа порача дека дезертерите кои од Северна Кореја бегаат во Јужна Кореја се „човечко ѓубре“ и порача дека тие ништо не може да знаат за нуклеарното прашање на нејзината земја.

Ова доаѓа само неколку седмици откако се појавија гласини дека нејзиниот брат и прв човек на Северна Кореја е тешко болен, па дури и мртов. Сепак, во меѓувреме Ким Јонг Ун се појави во јавноста и очигледно сосема нормално продолжува да управува со земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг