Царовска: „Исцрпени се сите потреби за продолжување на вонредната состојба, се надевам опозицијата ќе учествува на изборите“

Точка

09/06/2020

20:06

1.701

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерката Мила Царовска во гостувањето на интервју за „Тв 24“, говореше за моменталната актуелна состојба со коронавирусот во Македонија, за вонредната состојба, како и за претстојните парламентарни избори.

Мила Царовска смета дека се исцрпени сите потреби за продолжување на вонредната состојба во Република Македонија.

На прашање околу тоа дали владата планира продолжување на вонредната состојба, Царовска изјави: 

„Како и досега така и во наредниот период Владата ги разгледува сите оние анализи кои што се потребни и ќе ги донесеме одлуките во наредните неколку денови пред истекување на оваа вонредна состојба, но по оние согледувања кои сега ги имаме исцрпени се сите потреби за продолжување на вонредната состојба, економските мерки се донесени и на денешната владина седница се донесоа неколку Уредби кои што беа дел од третиот пакет мерки, а тоа се основните причини зошто беше потребна таква оперативност на Владата, а прогласување на нова вонредна состојба да речеме е исцрпено“ - изјави Мила Царовска.

Во однос на ставот на опозицијата за изборите, Царовска смета дека сите засегнати страни треба да учествуваат на изборите, а кај нас опозицијата бара да нема функционален парламент, кога сите опозиции во светот го бараат спротивното:

„Барањето за предвремени избори доаѓаше токму од опозицијата, тие учествуваа во целиот процес и се во техничката и пржинската влада и имаат бројче за изборното ливче што значи дека се учесници во изборите. Искрено се надевам дека ќе донесат одлука за учество на изборите“ - рече Царовска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг