За два дена бројот на новозаразени во Чаир е зголемен за 40 лица

Макфакс

09/06/2020

16:28

1.051

Големина на фонт

а а а

Бројот на заболени во Чаир е зголемен за 40 лица за само два дена, покажува статистиката на Министерството за здравство.

Во Карпош има нови 17 лица позитивни на коронавирусот, додека во Центар за два дена бројката е порасната за нови 14 лица.

Во Кисела Вода за два дена уште 8 лица се позитивни на Ковид-19, исто како во Аеродром. Во Сарај има тројца новозаболени, во Гази Баба има 5 нови, во Шуто Оризари нови 9, а во Арачиново е останата истата бројка на заболени, 23.

За само два дена, во општините во Скопје има 102 нови, активни случаи, позитивни на Ковид-19. Пред два дена бројката беше 658 активни случаи, а денеска е 760. Меѓу позитивните, има и двајца странци.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека станува збор за 41 кластер, а најголемиот број заболени се од периодот 23,24 и 25 мај, на семејни собири.

Најновата дистрибуција според општини во Скопје на позитивни на Ковид-19 е следната:

– Чаир-192

– Бутел-68

– Центар-66

– Гази Баба-63

– Аеродром-61

– Карпош-57

– Сарај-55

– Кисела Вода-37

– Ѓорче Петров-23

– Арачиново-23

– Шуто Оризари-21

– Студеничани-20

– Илинден-18

– Петровец-6

– Чучер Сандево-3

– Сопиште-2

– Странец-2



Спонзорирани линкови

Маркетинг