Мицкоски: Извозот е паднат за 60 проценти, пакетите за поддршка да важат за јули и август

Макфакс

09/06/2020

15:01

951

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање порача дека пакетите за поддршка треба да важат во текот на летните месеци, бидејќи економијата бележи пад во последните месеци.

Катастрофалниот низок раст на македонската економија во првиот квартал изнесува нешто повеќе над нулата или цели 0.2 проценти, рече Мицкоски и нагласи дека за разлика од кај нас Србија книжи раст од 5 отсто, понатаму Турција од 4.5%, Хрватска 0.4%, соседна Бугарија од 1.2%.

„Сите овие кои што неколкукратно имаат поголем БДП од нас во првиот квартал го демантираат она кое што го велеше Зоран Заев и во парламентот кога ја примопредаваше функцијата премиер, и сето она кое што понатаму го спомнуваа ресорните министри дека блескаме, а економијата ни е на прав пат“, вели Мицкоски.

Втор индикатор кој според него е загрижувачки, е намалувањето на извозот во првите четири месеци од годината.

„Имено падот во месец април изнесува цели 60% на извозот. Ќе повторам македонската економија успеала да извезе стоки во светот за 60% помалку овој април споредено со април во 2019 година, а во првите четири месеци почнувајќи од први јануари завршувајќи со триесетти април македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку стока споредено со истиот период во 2019 година. Во првите четири месеци од 2020 година македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку од тоа што го направила за истиот период во 2019 година“, додаде Мицкоски.

Тој нагласи дека е катастрофална ситуацијата во реалниот сектор и стопанството.

Мицкоски апелира до Владата да ги продолжат мерките за помош на реалниот сектор и стопанството и да не завршат тие заклучно со месец мај, односно да бидат продолжени и за месеците јуни, јули и август.



Спонзорирани линкови

Маркетинг