Комисија за заразни болести: Денеска бројот на новозаразени е под 100, чекаме повторно воведување на полициски час

Точка

09/06/2020

11:50

6.492

Големина на фонт

а а а

Денеска бројот на новозаразени е под 100, велат од Комисијата за заразни болести, иако сè уште нема конкретна бројка додека не стигнат официјалните резултати од Институтот за јавно здравје.

„Сите ја чекаме одлуката на Владата за повторно воведување на полициски час, во сите општини кои засега претставуваат жариште на коронавирусот. Ние нема да отстапиме од нашите препораки, макар и целата ситуација да се оддолжи“, велат за „Фактор“ од Комисијата за заразни болести.

Исто така, директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стефановиќ во гостување на ТВ Алфа, изјави дека е загрижена поради актуелната состојба со коронавирусот во земјава.

„Јас сум клиничар и нормално е дека ме плаши новиот број на заразени и тешко болни, тоа повлекува потреба од здравствен целокупен систем на лекари, помошен персонал и простор. Сè треба да биде педантно за пациентите“, изјави Стефановиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг