Сеул го повикува Пјонгјанг да ги зачува каналите за комуникација

Макфакс

09/06/2020

11:30

823

Големина на фонт

а а а

Јужна Кореја ја повикува Северна Кореја да ги зачува постојните линии на комуникација меѓу двете земји, изјави портпаролот на јужнокорејското министерство за обединување.

„Овие телефонски линии помеѓу југот и северот се главниот инструмент за одржување комуникации, тие мора да бидат зачувани во согласност со постојните договори“, потенцираше јужнокорејскиот претставник, пренесува ТАСС.

Тој исто така истакна дека Сеул сака во иднина да се придржува до сите меѓукорејски договори и да вложи напори да постигне мир и просперитет на целиот корејски полуостров.

Северна Кореја претходно објави дека ќе ги пресече сите линии на комуникација со Јужна Кореја почнувајќи од денеска, а како причина за таквата одлука, изјави дека Јужна Кореја испраќа летоци на север.



Спонзорирани линкови

Маркетинг