Точка ТВ: Дури и научниците погрешија во овие 5 факти за Ковид-19, истите до денес се мистерија

Точка

08/06/2020

21:34

6.911

Големина на фонт

а а а

Пандемијата коронавирус го покори целиот свет, но некои од информациите кои што ги изнесуваа експертите за истиот, се покажаа како неточни. До денес не добивме соодветен одговор за нив.

1. „Луѓето не можат да го пренесат вирусот на животните“ 

Прво беше соопштено дека вирусот премина од лилјаците на луѓето, а потоа научниците тврдеа дека луѓето не можат заразата да ја пренесат на животните.

Потоа беше откриено дека некои од сопствениците ги заразиле своите мачки и тигри, па научниците веднаш ''објаснија'' дека вирусот мутирал и повторно почнала трансмисијата на животните.

2. „Младите и здравите се отпорни на вирусот“

На почетокот научниците тврдеа дека младите и здрави луѓе се заштитени од вирусот, и дека тој ги напаѓа само луѓето со лош имунитет и вишок килограми.

Подоцна беше обелоденето дека тоа воопшто не е така, затоа што зад респиратор завршуваа и луѓе кои што се активни и кои што се занимаваат со спорт, внимаваат на исхраната и редовно го контролираат своето здравје.

3. „Тестот е негативен, а човекот позитивен на вирусот“

Во земјите ширум светот се прават т.н. ПСР тестови, а истите се покажале како неверодостојни. Поточно, на многумина овие тестови се покажале како ''негативни'', а по три дена луѓето биле позитивни на вирусот.

4. „Кој е лекот против коронавирусот?“

Прво луѓето кои што немаа никакви симптоми здравствените работници ги испраќаа во изолација, а потоа луѓето беа лечени со хлорокин, додека пак на други им беа давани антибиотици, па истите оздравеле. Уште поголема е енигмата како многумина од оние кои што прележале Ковид-19, повторно се заразиле.


5. „Како се пренесува Ковид-19?“

Експертите и понатаму инсистираат луѓето кои што се наоѓаат во затворен простор да носат маски и ракавици, а исто така општо познато е дека вирусот се пренесува преку респираторни капки.

Исто така една од главните одлики за заштита од вирусот е редовното миење на рацете. Но, во Америка потврден е случај на заразен човек од коронавирусот кој што со месеци немал никаков контакт со луѓето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk