Балканците се виновни, славеле Рамазан Бајрам: Германците бесни поради ширењето на вирусот во малиот град...

Точка

08/06/2020

20:45

8.796

Големина на фонт

а а а

Роми од Гетинген кои го славеле Рамазан Бајрам се обвинети за масовното ширење на коронавирусот во малиот германски град.

Во последните две седмици во Гетинген со коронавирусот се заразиле најмалку 120 лица, меѓу кои и 39 деца. Градските власти поради тоа затворија 13 училишта и градинки, а речиси 100 деца и адолесценти мора да бидат во карантин. Во подземната гаража од комплексот „Идуна“ кој се смета за жариште на заразата се вршат масовни тестирања.

Главен виновник за ширењето на заразата, како што пренесува “Tagesspiegel” се ромските семејства сместени во комплексот „Идуна“ кои славеле Рамазан Бајрам, прекршувајќи ги препораките на германските власти.


Од градската управа соопштија дека најголемиот дел од учесниците на прославата биле со потекло од поранешна Југославија, односно од соседно Косово. Голем број на семејства се уште чекаат на документи за престој во Германија и нивното останување во земјата е неизвесно, пренесува “Tagesspiegel”.

Ромите од друга страна се бранат и тврдат дека „нултиот пациент“ во центарот бил од друга националност, наводно со потекло од некоја африканска земја, но сега е веќе предоцна за било каква истрага, посебно кога заразата се проширила.

Германските политичари реагираа по случувањата во Гетингем, односно ширењето на коронавирусот.


Јенс Кестнер од партијата „Алтернатива за Германија“ во изјава за медиумите порача дека за него е сеедно за кое малцинство станува збор: „Очигледно е безобразното и глупаво однесување на големите арапски семејства“.

На конференцијата за медиуми минатиот петок од градската управа на Гетинген нагласија дека нема причини за сомнеж дека во центарот навистина имало големи семејни прослави по повод муслиманскиот празник, а за тоа биле информирани и од членови на семејствата со кои разговарале.

Моментално се врши тестирање на жителите на комплексот кој го обезбедуваат 30-тина полицајци, а тестирањето засега е доброволно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг