Бектеши: Субвенции до 30.000 денари за семинари, обуки и конференции организирани во домашните туристичко-угостителски капацитети

Макфакс

08/06/2020

15:18

1.007

Големина на фонт

а а а

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција информираше за уште една мерка за поддршка на туризмот која што беше најавена во Третиот сет мерки на Владата, од Ковид 19 програмата во рамките на Министерството за економија.

Бектеши истакна дека поддршката на домашниот туризам, кој е еден од најпогодените сектори од коронакризата, е главен приоритет на Министерството за економија.

“Денеска сакам да ве информирам дека стартуваме со уште една мерка за поддршка на туризмот. Министерството за економија до Владата предложи Програма со која ке се субвенционира настани кои ќе се организираат во категоризирани угостителски објекти во државата. Мерката предвидува покривање на 50% од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари по апликант за организирање на обуки, семинари, конференции во домашни туристички капацитети од страна на сите, здруженија, компании како и институции кои планираат да организираат во рамките на своите активности“, истакна Бектеши и потенцираше дека мерката предвидува покривање на трошоците само за изнајмување на просторот за организирање на обуката, конференцијата или настанот во домашните хотелско-угостителски објекти.

„За реализација на оваа програма Министерството за економија ќе објави Јавен повик за доделување на субвенции за кофинансирање на трошоците за организација на настани, а за реализирање на истата се обезбедени 15 милиони денари или 245 илјади евра. Еден апликант може да поднесе најмногу до 3 (три) барања за кофинансирање на трошоците за организација на настани. Апликантот до Министерството за економија доставува барање со прилог резервација на сала за обуки, семинари, конференции и слично и договор со угостителскиот објект со прилог фактура и краток опис за настанот. Министерството за економија потпишува Договор со организаторот на настанот и во рок од 7 дена по потпишување на истиот, одобрените средства се префрлуваат на сметка на организаторот на настанот, појасни министерот Бектеши.

Министерот кажа дека тековно се реализираат и останатите мерки во рамки на Министерството за економија за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.

„Сакам да информирам дека во завршна фаза е Платформата domasiedoma.gov.mk и pushimenevend.gov.mk преку која ќе се реализира мерката за ваучери за домашен туризам на Министерството за економија.Платформата ќе биде оперативна до крајот на неделата.Преку оваа Платформа Министерството за економија ќе ги испрати ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите.Ваучерот кој ќе содржи QR код ќе биде испратен по емаил кој што граѓаните го имаат доставено до Управата за јавни приходи, кажа Бектеши и појасни дека мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата.

„Граѓаните ќе може и на Платформата да проверат дали се на листата односно дали ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам, а исто така ќе можат да изберат каде, односно во кој туристички и угостителски капацитет низ државата ќе може да го употребат.На Платформата ќе бидат објавени понудите на сите катагоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата, односно капацитетите со кои располагаат за да примат туристи“ потенцираше министерот.

Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да ги користат од 15 јули до 15 декември 2020 година, а предвидено е да опфати над 115 илјади граѓани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг