127 новозаразени, 3-ца починати, 7 оздравени од коронавирус во последното деноноќие

Точка

08/06/2020

14:05

7.574

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19.

- Скопје 67
- Куманово 1
- Дебар 1
- Штип 33
- Тетово 10
- Струга 5
- Охрид 6
- Кочани 2
- Пробиштип 2


На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5-ти јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2-ри јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти и тоа:

- Скопје 4
- Тетово 2
- Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на Ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.343.




Спонзорирани линкови

Маркетинг