Словенија воведе 14 дневен карантин за граѓаните кои патуваат од Македонија

Макфакс

08/06/2020

09:37

1.953

Големина на фонт

а а а

Словенечката Влада донесе одлука граѓаните кои патуваат од нашата држава да бидат сместени во 14 дневен карантин.

Одлуката важи и за државјаните на Словенија кои патуваат од земјава.

„Поради влошената епидемиолошка состојба во Северна Македонија, на сите лица кои влегуваат во Словенија од Северна Македонија и имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија, им е одреден карантин во траење од 14 дена, без оглед на државјанството или престојот“, образложија од словенечката Влада.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји беше укинат пред три недели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг