Солзавец и молотови коктели пред американската амбасада: Нереди во Атина поради убиството на Афроамериканецот

Точка

04/06/2020

10:27

1.960

Големина на фонт

а а а

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот во близина на американската амбасада во Атина поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Пет лица се уапсени, а 12 се задржани во притвор за време на пресметките помеѓу демонстрантите и полицијата во грчкиот главен град, пренесува „Катимерини“.

Како што соопштија од грчката полиција, учесниците на протестот ги нападнале полицајците во близина на амбасадата фрлајќи молотови коктели, камења и други предмети, а запалиле и корпи за ѓубре.

Маршот кој го организирале левичарски групи тргнал од плоштадот „Синтагма“, а завршил пред зградата на американската амбасада. Според грчките медиуми, на протестот учествувале околу 3 илјади граѓани.

Учесниците на протестот носеле транспаренти на кои пишувало „Не можам да дишам“ и извикувале слогани против полициската бруталност и расизмот во Соединетите Американски Држави.

Да потсетиме, Афроамериканецот Џорџ Флојд почина за време на апсење од страна на полицијата во Минеаполис, откако полицаец со колено го држеше притиснат неговиот врат на асфалтот околу осум минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг