Точка ТВ: Далол, Етиопија - најтоплото место на светот

Точка

01/06/2020

19:09

1.764

Големина на фонт

а а а

Живот постои во некои од најекстремните окруженија на земјата, од суви пустини и замрзнати тундри, до токсични отвори во океанското дно. Но, научниците пронашле едно место каде животот никако не може да опстане.

Станува збор за најтоплото место на светот - Далол во Етиопија. Тоа е едно од најекстремните окруженија на Земјата, неверојатно топло, солено и кисело. 

Целиот предел е исполнет со мали езера и извори на кисела и солена вода, која заедно со околното земјиште произведува прекрасна палета на бои - зелена, жолта, портокалова и кафена.


Иако наизглед делува интригантно и како пејзаж од друга планета, целото подрачје е многу негостопримливо и воздухот е токсичен поради вулканот кој лежи под егзотичниот релјеф. 

Дури и во зима дневните температури на ова место може да надминат 45 степени Целзиусови.

Доколку воопшто постојат некакви микроорганизми на ова место, тоа може да бидат само микроби кои би им биле исклучиво интересни на астробиолозите.

И покрај тоа што нема услови за живот, оваа дестинација им е прилично привлечна на туристите. Ако сте доволно храбри да го посетите Далол, тоа ќе биде патување кое никогаш нема да го заборавите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг