Ова е возачот кој со цистерна влета меѓу демонстрантите: Богдан за малку ќе беше линчуван

Точка

01/06/2020

15:46

4.330

Големина на фонт

а а а

Богдан Вечирко кој беше уапсен откако со цистерна влета меѓу демонстрантите во Минеаполис, од претходно ѝ е познат на полицијата како склон на насилство.

Станува збор за лице на 35-годишна возраст, најверојатно од украинско потекло, пренесуваат американските медиуми.

Вечирко живее во Минесота, а работи за "Ken Advantage", транспортна компанија со седиште во американската сојузна држава Охајо. Засега за него не се знае многу, освен тоа дека е голем поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп и тоа дека со парични средства ја поддржал неговата кампања.

Во 2012-та година бил уапсен поради семејно насилство, а се изјаснил за виновен и за обвинувања во врска со помали прекршоци.

Во тек е истрага која треба да утврди дали намерно сакал да прегази демонстранти, или ја загубил контролата над возилото. Вечирко бил пренесен во болница со повреди откако демонстрантите го извлекоа од камионот и го претепаа.

На видео снимките кои се појавија денес можеше да се види како демонстрантите панично бегаа пред камионот, а кога Вечирко ја намали брзината тие скокнаа и го извлекоа надвор, по што физички го нападнаа. Демонстрантите го тепале се додека не пристигнала полицијата.


Од полицијата соопштија дека нема информации за повредени меѓу демонстрантите кои во тие моменти на автопатот биле во бројка од околу 5 илјади.



Спонзорирани линкови

Маркетинг