Овој напиток лечи многу тегоби: Се прави од најубавиот цвет, а може да помогне во многу ситуации

Точка

01/06/2020

15:15

1.470

Големина на фонт

а а а

Во овој убав цвет се наоѓа вистинска ризница на витамини А, Ц, Б3, Д и Е. Лисјата се пребогати со етерични масла, тианин, шеќери, лимонска и винска киселина.

Сирупот од роза е одличен за чување на здравјето на срцето и нервите. Тој ја прочистува крвта, ја смирува напнатоста, а освен тоа одличен е за прочистување на грлото, реума, жолчката, за чистење на џигерот, во случај на вртоглавица, главоболка и нарушена работа на цревата.

Се препорачува кај болести поврзани со дишните патишта и за заштита на белите дробови. Исто така ги ублажува и менструалните тешкотии.

Од листовите на розата може да се подготви сируп и чај.


Подготовка:

Соберете ливчиња од роза па оставете ги седум дена да се исушат. За да ја сочувате свежината и квалитетот, чувајте ги во добро затворена амбалажа на темно и суво место. Најдобро е во лимена или пак стаклена кутија.

Ставете околу две полни раце лисја од роза во 500 милилитри врела вода, па оставете ги да отстојат 24 часа. Потоа исцедете и зовријте ги со 150 грама шеќер. Пред крајот додадете сок од еден лимон и варете уште 5 минути.

Се препорачува користење на 4 лажици дневно.

За подготовка на чај:

Прелијте околу две лажици исушени лисја од роза во 300 милилитри вода и оставете ги поклопени околу 10 минути. Потоа процедете го напитокот и подготвен е за употреба. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг