Бесната пејачка го нападнала претседателот: “Знаевме дека е будала и расист уште откако ја презеде функцијата”

Точка

01/06/2020

15:03

1.677

Големина на фонт

а а а

“Имам многу работи да кажам за ова, но првото нешто што сакам да го кажам е дека се плашам дека ќе предизвикам бес, иако тие емоции се оправдани”, вака пејачката ја започнала својата објава во која го нарекла претседателот Трамп “расистичка будала”.

Лејди Гага во долгата изјава се осврнала на смртта на Џорџ Флојд и на протестите кои следеа. Пејачката повикала на промени во системот во кој претседателот “поттикнува расистички активности”. 

“Бесна сум поради смртта на Џорџ Флојд како и поради загубата на животот на црнците во периодот од стотици години во оваа земја како резултат на расизмот и корумпираните системи кои го одржуваат”, изјавила Гага.

“Одамна знаеме дека претседателот Трамп не успеа. Тој ја има најмоќната функција во светот, но не нуди ништо друго освен незнаење и предрасуди додека црните животи сè уште се губат”, критикува пејачката.


“Знаевме дека е будала и расист уште откако ја презеде функцијата. Тој поттикнува систем кој е веќе вкоренет во расизмот и расистичките активности и сите можеме да видиме што се случува”, заклучува Гага.

“Време е за промена, тие системи треба да исчезнат”, заклучила повеќекратната добитничка на наградата Греми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг