Полицијата во Бруклин ги гази демонстрантите: Бесната толпа ги нападна, па полицајците само додадоа гас...

Точка

31/05/2020

10:57

4.291

Големина на фонт

а а а

Во САД може да се каже дека владее тотален хаос – во дури 25 градови во 16 сојузни држави е воведен полициски час откако се проширија протестите поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен при апсење од полицијата.

На улиците излезе и Националната гарда, но и натаму во одредени градови протестите се надвор од контрола. Во Бруклин полицајци за малку ќе прегазеа група на демонстранти.

Имено, поголема толпа на демонстранти обиколија два полициски автомобили и започнаа да удираат по нив и да фрлаат со разни предмети, по што полицајците додадоа гас и турнаа на земјата неколкумина демонстранти.

Градоначалникот на Њујорк, Бил Де Блазио изјави дека бил вознемирен од тој инцидент и дека му е жал поради тоа што граѓаните започнале да ги напаѓаат полицајците.

„Гледам протести со години, но демонстрантите овде им се закануваат на полицајците и сакаат да ги повредат. Тоа се нема случено во историјата на овој град. Полицајците беа во таква ситуација што беа нападнати и мораа да побегнат. Ги разбирам, се најдоа во невозможна ситуација“, изјави Де Блазио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг