Кина со закана до САД: Престанете да се мешате во прашањата околу Хонгконг или ќе преземеме контрамерки

Точка

29/05/2020

21:15

2.627

Големина на фонт

а а а

Кинеските власти порачаа дека се подготвени да ги преземат сите контрамерки доколку САД продолжат да се мешаат во прашањето на Хонгконг, изјави претставникот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан.

„САД би требало во истиот овој момент да престанат да се мешаат во прашањето околу Хонгконг, а доколку тоа продолжи, Кина е подготвена да го преземе сите неопходни контрамерки“, истакна тој.

Лијан исто така нагласи дека Соединетите Американски Држави на најгруб начин се мешаат во внатрешните прашања на Кина и го повика официјален Вашингтон да ги сопре сите политички манипулации.


Истовремено, кинескиот дипломат ги повика и сите останати земји да се воздржат од мешање во прашањето околу Хонгконг и да го почитуваат суверенитетот на Кина.

Да потсетиме, претходно американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека Хонгконг повеќе нема автономија во рамките на Кина, нешто што беше договорено во 1997-ма година кога Велика Британија им ја предаде таа територија на кинеските власти.


Во специјалното соопштение, шефот на Стејт Департментот истакна дека „катастрофалната одлука на Пекинг е последна во низата на чекори кои во корен ја поткопуваат автономијата и слободата на Хонгконг, како и ветувањето кое Кина го дала на народот на Хонгконг во рамките на кинеско-британската Заедничка декларација“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг