Добредојдовте во НАТО: Американски и грчки воени авиони прелетаа над Скопје!

Точка

29/05/2020

12:43

3.990

Големина на фонт

а а а

Шест воени авиони на НАТО Алијансата прелетаа над македонскиот главен град во чест на приемот на Македонија во најмоќниот воен сојуз на светот.

Денес на небото над Скопје се појавија два американски бомбардери „Б1“ и четири „Ф-16“ ловци на грчкото воено воздухопловство со што ни посакаа добредојде во НАТО Алијансата.

Авионите летаа по течението на реката Вардар на висина од околу 1,500 метри, а интересно е тоа што американските бомбардери летаа цели 30 часа за од сојузната држава Јужна Дакота да стигнат до македонското небо.

Како што соопштија од американската армија, авионите „Б1“ долевале гориво за време на летот кон Македонија, по што денес се појавија на нашето небо за да ни посакаат добредојде во НАТО Алијансата.

„За жал немавме можност за време на пандемијата на коронавирусот да го прославиме нашето членство. Меѓутоа, денешниот настан, заедничката координирана акција на нашата армија заедно со НАТО командите и воздухопловните сили на САД, покажува дека интеграцијата не е само политичка, туку е реална, воена и одбранбена“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска и додаде:

„Сакам да им се заблагодарам за ова на САД кои што на дело и со видлив гест ни посакаа добредојде во Алијансата. Сакам да порачам дека се подготвиме, знаевме што сакаме и можеме да учествуваме во ваква операција затоа што сме дел од НАТО Алијансата“, изјави Шекеринска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг