За укинување или воведување нова вонредна состојба ќе се одлучува в сабота

Макфакс

28/05/2020

17:03

1.306

Големина на фонт

а а а

В сабота напладне е закажан состанок на Советот за безбедност во Вилата „Водно“ по што, шефот на државата, Стево Пендаровски, ќе треба да одлучи дали ќе ја укине вонредната состојба или ќе воведе нова, четврта по ред, дознава „Макфакс“.

В сабота истекуваат последните 14 дена од последната вонредна состојба, која ја прогласи на 18 март.

Владата досега не соопшти дали на претседателот ќе му предложи укинување или воведување нова вонредна состојба, но оттаму велат дека ситуацијата се анализира.

Доколку вонредната состојба се укине, според донесената уредба со која се одложија изборите, за 22 дена ќе треба да се одржат предвремените парламентарни избори, а тоа е 21 јуни. Во јавноста се зборува дека политичките партии разговараат изборите да бидат на 5 јули, а во тој случај, ќе биде потребно вонредната состојба да биде продолжена за нови 14 дена.

Вчера, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека комуникација за одредување на датумот на избори постои, но не сакаше да коментира ништо во врска со неа тврдејќи дека ако има договор меѓу партиите, тоа ќе се соопшти јавно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг